Не ме чека судбината на Јанева, не сум ја злоупотребила функцијата, рече Русковска, која се појави со обезбедување – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/22 12:56 PM

Не ме чека судбината на Јанева, не сум ја злоупотребила функцијата, рече Русковска, која се појави со обезбедување

Поднесов жалба во Советот на Јавни обвинители, рече суспендираната шефица на ЈО, Вилма Русковска, која на средбата со новинарите дојде со обезбедување.

-Жалбата само што ја доставив, сметам дека прво треба членовите на Советот да се запознаат, па потоа јавноста. Со жалбата ги побивам наводите во решението, рече Русковска, а на прашањето за кои кривични пријави станува збор таа додаде:

-И јас не сум сигурна, не сум прашала, но сметам дека е поради пријавата на Арафат Муареми против мене. Ова не го сметам за суспензија на мене, туку суспензија на правото и на правдата. Имаше најава дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет, но по ова што мене ми се случи тешко дека некој колега сериозно ќе продолжи. Дали е законит претресот или не е исклучиво одлучува судот. Било кој што сметал дека со претресот му е повредено некое право или погрешн о извршен имал право да вложи жалба. Сметам дека кривична пријавба е кривична, дали е анонимна, од институција или од граѓани со име и презиме според Закон мора да се постапува, вели Рускоска.

На прашањето дали има закани и дали се чувсѕтвува безбедно, бидејќи доага со обезбедување тгаа рече:

-Ова обезбедување ми е од претходно, сега за сега немам никави закани, што не значи дека може и да нема.  Што се однесува за станицата за технички преглед немаше наредба за претрес, само наредба. Идната недела планирав да почнам со сослушување на сведоци, но како стојат работите треба да почека. За Финансова полиција веќе почнав, сослушав еден сведок, имав закажано средба и со двајца други ама мораше да се одложи. Во решението за суспензија пишува дека предметите треба да ги предадам за мој прв заменик, која се наога на годишен одмор па така и предметите не можев да ги распределам. Таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска, а секој нареден не знам како ѓе постапива, гледа што мене ми се случува, вели таа.

На новинарко прашање каков исход очекува, казна или разрешување, Русковска рече дека „Кога се работи за дисциплинска постапка тоа подолго трае. Не би шпекулирала што би се случило“.

Кој стои зад сето ова, дали можеби политиката вмешала прсти и  „чепнала таму кај не треба“ Рускоска рече дека не би сакала да верува во тоа.

-Го слушав професорот Калајџиев кој инсинираше на таква работа, но јас како обвинител не сакам да поверувам во такво нешто. Ве повикувам вас новинарите откријте која е позадината. Јас не би сакала да поверувам дека политичар стои позади ова.  Јас на 15 август се вратив од одмор. Почнав да го пишувам известувањето иако, еве кажувам, согласно член 56 став 4  ниту јавниот обвинител, ниту основните јавни обвинителства може да даваат насоки и укажување по конкретен предмет. Од нивна страна на ЈО не се вршеше надзор врз целокупната работа на мене и на колешките,  туку само на овој предмет и по овој предмет добивме укажувања. Сметам дека сето ова е противно на Закон. Законот е таков каков што е и мора да го применуваме. Ако излеземе од рамките на било кој закон веќе се ствара многу лоша пракса. Овој челн и овој сгтав се донесени исклучиво за професионално постапување на било кој јавен обвинител, рече таа.

На прашањето дали и верува на Лиле Стефанова, за која се шпекулира дека ќе и биде наследник,  таа рече:

-Стефановска е избрана од Советот на јавни обвинители и ако и дале доверба нема зошто јас да имам против. По годишен рапсоред ја ставив раководител на оделението за гонење лица со полициски овластувања, што е важна функција.  Со Јовески не сум се слушнала, а повикот до мегународната заедница ќе кажам дека воопшто не мислев дека тие јавно ќе се вмешаат во работата на обвинителството, на судот. Тоа го направив повеќе поради јавноста да докажам дека нема што да кријам и дека сите постапки се е во рамките на законот. Поддршка имам од целиот регион,  ми се јавија повеќе колеги од регионот ми нудеа пимош и поддршка, ми се јавија колеги од овде, судии ми се јавија и колеги адвокати и адвокатски друштва нудејќи помош и поддршка, додаде таа.

За оставката на Муареми, Рускоска рече: „-Па тој не даде оставка, на 15ти му заврши мандатот а тој на 16ти направи парада, тоа не е оставка“.

На новинарско прашање кој ја дели правдата во Македонија, мегународната заедница, судот или политичарите, таа рече дека „судот и обвинителството ја делат правдат и во тоа сакам цврсто да верувам. “.

Многумина случувањето го споредиле со случајот на бившата шефица на СЈО, Катица Јанева, па оттаму и прашањето до Рускоска дали ја  се гледа во нејзиниот лик.

-Не, ниту сум ја злоупотребила својата функција ниту имам намера да ја злоупотребам, особено не поради пари како што беше докажано. Не ја сметам мојата судбина како нејзината. Пак ке кажам се е превземено согласно законот. Не сум рекла дека имам намера да бидам јавен обвинител, сите знаете дека тоа е предлог на Влада и не верувам дека понатаму ќе  бидам нивни предлог. Имам притисок, но од сегашната Влада не. На почетокот имаше соопштение дека ја подржуваат борбата против корупција, но само да се внимава презумција на невиност. Затоа сметам дека сето ова не доаѓа од оваа Влада, а ние сме имале многу Влади претходно. Не ми е страв но не сакам да завтршам пред суд за клевета, рече таа не наведувајки конкретен одговор.