Ноќеска приведени седум штипјани поради дрога – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/22 11:27 AM

Ноќеска приведени седум штипјани поради дрога

Во текот на вчерашниот ден СВР Штип согласно оперативниот план „Безбедно лето  2022“, презеде низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што лишени се од слобода М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19).

-При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори. Истиот ден, при извршена контрола во Казнено – поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја. При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите. По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.