Охридски маратон сепак ќе има! АМС ќе обезбеди 10.000 евра за награди, а Општина Охрид два милиони денари за останати трошоци – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/22 10:30 AM

Охридски маратон сепак ќе има! АМС ќе обезбеди 10.000 евра за награди, а Општина Охрид два милиони денари за останати трошоци

Наградниот фонд од 10.000 евра ќе ги обезбеди агенција за млади и спорт, а останатите трошоци од два милиони денари ќе ги обезбеди  Општина Охрид! Традицијата од 60 години нема да се прекине, Охридскиот маратон ќе се одржи.

Ова е заклучокот по средбата на првите луге на Општина Охирд, градоначалникот Кирил Пецаков, и Наумче Мојсовски, дирекотр на Агенцијата за млади и спорт.

-Бројката на пливачи се уште не се знае, околу 20тина и тие се веќе информирани. Се понудија многу бизнисмени да помогнат и од Охрид и од други градови. Иднината на овој маратон нема да згасне и од идната година во поголема форма ќе го поддржуваат. На ваква поддршка искрено не се надевав и ако ваков интерес постои и понатаму, можно е Охридскиот пливачки маратон во иднина да се организира исклучиво од спонзори, рече Кирил пецаков, градоначалник на Охрид.

Одржувањето на Охридскиот маратон годинава беше под знак прашалник, поради блокираната сметка на пливачка федерација.