(Видео) „Не се дрогирав, само многу играв на луда журка“ – Бараат да се тестира премиерката Сана Марин, недолично се однесувала – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/22 9:45 AM

(Видео) „Не се дрогирав, само многу играв на луда журка“ – Бараат да се тестира премиерката Сана Марин, недолично се однесувала

Финската премиерка Сана Марин (36) во четвртокот рече дека не земала дрога за време на „луда“ забава во приватна куќа, додавајќи дека не направила ништо лошо кога ја пуштала косата и танцувала со пријателите.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како шест луѓе танцуваат пред камера, меѓу кои и финската премиерка Сана Марин.
„Разочарана сум што стана јавно. Вечерта ја поминав со пријателите. Беше забавно, прилично диво, да. Танцував и пеев“, изјави Марин за финската телевизија ИЛЕ во четвртокот.


“Не користев дрога или ништо друго освен алкохол. Танцував, пеев, се забавував и правев совршено легални работи”, рекол Марин, пренесува Hufvudstadsbladet.

Не е познато кога се одржала забавата, на која наводно присуствувале Илмари Нурминен, пратеник од Социјалдемократската партија на премиерот и финската пејачка Алма.

Марин – која стана најмладата премиерка на Финска во декември 2019 година – рече дека слободното време го поминува со пријатели како другите на нејзина возраст и дека има намера да продолжи да биде истата личност како порано.

„Се надевам дека тоа е прифатливо. Живееме во демократија и на избори секој може да одлучува за овие прашања“, рече таа, пренесува ИЛЕ.
Критичарите истакнаа дека Финска, која дели 1.340 километри копнена граница со Русија, се соочува со високи цени на струјата, меѓу другото, поради руската инвазија на Украина. Земјата неодамна го напушти својот долгогодишен неутрален став и побара да се приклучи на НАТО.

Во јули, Марин присуствуваше на популарен фински рок фестивал.

Во декември, таа јавно се извини откако се забавуваше во ноќни клубови до 4 часот наутро без да го донесе својот службен телефон, поради што пропушти предупредување дека била во контакт со лице позитивно на Ковид-19. Нејзиниот тест за корона вирусот сепак бил негативен.

Извор: нова.рс

Фото: Твитер