(Видео) Соња и Оливер од Канада дојдоа да ги снимат македонските песни “Боже правда нема“ и „Мојот живот“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/22 2:55 PM

(Видео) Соња и Оливер од Канада дојдоа да ги снимат македонските песни “Боже правда нема“ и „Мојот живот“

Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар  Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика.

Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни ,,Боже правда нема“ и ,, Мојот живот“ за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски.

Песната ,, Боже правда нема“  доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце.

Втората нова песна ,, Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем.

И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари.

Во песната „Боже Правда Нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски.

Во песната гостуваа на кларинет, Благојче Трајковски и на труба Филип Нуневски.

Во песната „Мојот Живот“ гостуваат  Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џељо Дестанивски на зурла.

Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев.