МВР информира за сообраќајка, во која малолетничка од Гостивар со „бмв“ удрила во виљушкар.
-Ноќеска во 40 минути после полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека во кругот на гостиварска фабрика на излезот од Гостивар, патничко возило „бмв“, со тетовски рeгистарски ознаки, управувано од малолетничка од гостиварска Долна Бањица, удрило во паркирано возило виљушкар. Во несреќата, совозачот А.М.(18) се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, информираат од МВР.