Неколку дена по скандалот на вработени во Коминална хигиена-Скопје, кои се заканувале на новинарка на „Мета“ конечно се огласи и претпријатието.
-Граѓаните на градот Скопје имаат право да бидат целосно и транспарентно информирани за активностите на градската администрација. Во таа смисла, најостро го осудуваме вербалниот напад врз новинарката на новинската агенција “Мета” која си ги извршувала своите обврски. Против вработените, ЈП Комунална хигиена Скопје ќе поведе соодветна дисциплинска постапка. Ги охрабруваме сите медиуми и јавноста будно да ја следат работата на ЈП Комунална хигиена Скопје. Нашето претпријатие за сите прашања останува отворено и транспарентно, велат од ова претпријатие.