(Видео) Како ладнокрвно се краде на плажа! Внимавајте, одморот може да ви преседне – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/22 12:09 PM

(Видео) Како ладнокрвно се краде на плажа! Внимавајте, одморот може да ви преседне

Одморот може да биде и пеколен, ако некој ви ги украде работите. Токму тоа се случи на плажа во Барселона, акрадецот среде програма во живо ладнокрвно украде ранец од турист.

Сето тоа го забележа камерата, а видеото се споделува на Твитер.

Смешно е што крадецот се појавил додека туристот кажувал „Ја сакам Барселона“, пренесува Мирор.


И додека цела плажа се обидуваше да му помогне на човекот кој постојано викаше „мојот ранец“, туристот ништо не забележа и си зборуваше за храната.

Снимката од шпанската телевизија ТВЕ, снимена на популарна градска плажа во Барселона, стана вирална во понеделникот.

Полицијата откри дека му влегла во трага на крадецот и го идентификувала.