Филмсиот режисер Јани Бојаџи во подолг статус на неговиот Фејсбук профил побара од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски признанието „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, на претстојниот Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ да не му се доделува постхумно на Горјан Тозија, поранешнит директор на Агенцијата за филм.
Режисерот вели дека бил „северџан“ и дека ова е првата можност „реформите да почнат денес, а промените утре“.
Реакцијата на Бојаџи ја пренесуваме во целост:
-Ова е “црвениот барон” на самонаречената комуњарска филмска елита. Тозија е човекот кој ги измисли луѓето и нивните филмски продукции кои преку кабинетот на Црвенковски ги финансираа проектите Надеж 1 и Надеж 2 кои беа основата на Шарената револуција, во која тој, неговите “деца” и нивните татковци беа ударните тупаници и главните апологети, а денес се промоторите на нивната северна република. Тозија е човекот кој создаде филмски апартхејд кога како пулен на Заев стана директор на Агенцијата за филм и лично тој отпиша речиси дваесетина проекти на нивни политички неистомисленици, да не речам Вмровци! Тозија го опструираше проектот “Македонија” а негов пулен ја држи во бункер серијата “Црвениот поет” посветена на Кочо Рацин. Тозија е човекот кој ги финансираше полупроектите на самонаречените продуценти и режисери кои сега од позиција на господари на ДФРМ му доделуваат награда. За тоа што тој го направи за нив тие би требало да го позлатат, ако јас се прашувам.
Но, на Горјан Тозија да му се даде во рамките на “Манаки” вакво признание најверојатно води кон тоа профашистичкото бугарофилскосеверџанско лоби на ДФРМ следната година да ја награди и Лени Рифенштал, за придонес во документарната кинематографија. Жената ја бива за тоа, нема што, докажана е! Мене за овој “частен купон” не ми е гајле ништо, освен една работа: ова глупост е финансирана и од Општина Битола! Ако градоначалникот Тони Коњановски (Тони Коњановски) ова го плати и поддржи, ќе го доживеам како најголем удар врз сите нас, единствените кои се бориме против најголемото зло на комуњарската власт – дискриминација и целосно бришење на нас и нашите дела од програмите на Агенцијата за филм, започнати и утврдени токму со овој човек. И секако, пола од приложената биографија му е лажна и е една обична комуњарска пропаганда за дела кои не се нивни или во кои немаат никакво лично достигнување, од “Пред дождот” до “Медена земја”. Повторувам, ако ова го подржи и плати Општина Битола, не знам каква сила ќе ме натера да споделувам каква и да е идеа со партијата која ветува реформи и промени. Ако ова се дозволи, ова е почетокот на крајот на било што. Реформите треба да почнат денес а промените утре. Вие, ветувате промени. Ете ви ја првата можност, напиша Бојаџи.