Германец кому лекарите му кажале дека изгорел од сонце, може да го загуби носот во еден од пошокантните случаи што се појавија во медиумите во последните месеци.
Неименуваниот маж од Германија, кој има околу 40-тина години, отишол на лекар откако му се појавила црвена дамка на носот. Му било кажано дека е од премногу изложување на сонце и бил испратен дома. Но, по неколку дена, дамката на носот почнала да ја менува бојата во црна и да се шири.
Германецот се вратил на лекар, каде добил неколку шокантни дијагнози. Утврдено е дека има мајмунски сипаници, бидејќи во меѓувреме му се појавиле рани на телото, но првпат бил тестиран и за полови болести. Утврдено е дека има и СИДА и сифилис, а на лекарите им рекол дека никогаш во животот не бил тестиран за присуство на овие болести.
Антивирусните лекови покажаа резултати во лекувањето на промените на кожата, но не беа особено ефикасни кога станува збор за оштетување на назалното ткиво.
Според германските медиуми, пациентот имал толку напреднат случај на сифилис и бил имунокомпромитиран што неговото тело било подложно на ткивна некроза. Лекарите не го соопштија натамошниот тек на неговото лекување.
Германија го има третото место по бројот на заболени од мајмунски сипаници во светот, а моментално ги има речиси четири илјади. Америка има најмногу, над 12.000, додека Шпанија е втора со речиси 6.000 случаи.
Извор: Мондо.рс