Денес големите холивудски ѕвезди не ги кријат своите најинтимни и најбизарни фетиши, туку отворено зборуваат за нив и ги користат за да ги полнат новинарските написи.
Пејачот Рики Мартин изјави дека сака да уринира врз сопругот, Лејди Гага сака да ја грицкаат, а Кармен Електра сака секс играчки.
Латино ѕвездата Рики Мартин неодамна призна дека сака да уринира врз својот сопруг Џаван Јозеф. Во интервју за американските медиуми тој изјави дека ништо не го пали толку многу како кога може да го „почести“ Џаван со „златен туш“ за време на секс.
„Температурата на водата не е ни приближно топла како температурата на телото. Тоа е она што навистина ме пали. Сакам да мочам на него кога имаме секс“, рече тој.
Свои извртени фантазии има и поп-ѕвездата Лејди Гага. Пејачката јавно признала дека сака разни секси костими, но и дека за време на секс ја гризат и каснуваат. Покрај тоа, Гага откри дека често остава вештачки трепки на перницата на партнерот за да го потсети дека имала незаборавна ноќ со него.
Ријана изјавила дека е мазохист. Пејачката призна дека обожава да ја врзуваат и да ја камшикуваат. Таа беше навикната отворено да зборува за своите тајни од спалната соба, па воопшто не и беше чудно јавно да каже дека ужива да биде повредена.
Кармен Електра призна дека обожава да посетува разни секс-шопови и да купува играчки, како лисици и разни помагала.
За Скарлет Јохансон сексот во кревет е досаден и застарен. Убавата актерка наместо тоа сака секс во автомобил.
„Мислам дека сексот во автомобил е одличен и носи многу интересни работи од досадниот секс во кревет“, рече таа.
Рекла и дека неколку пати го исполнувала својот најголем фетиш и додала дека обожава да седи на задното седиште.
Извор: нова.рс
Фото: Instagram/Tviter