„Го уништуваш семејството, детето ти е како сериски убиец“ – Шок детали од разводот на Бред и Анџелина – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/22 8:34 AM

„Го уништуваш семејството, детето ти е како сериски убиец“ – Шок детали од разводот на Бред и Анџелина

Анџелина Џоли ја откри својата верзија за инцидентот што доведе до развод од Бред Пит и шокантните наводи за семејно насилство.

Иако овој инцидент се случи во 2016 година, сега на површина испливаа деталите!

Анџелина побарала ФБИ да интервенира во „пресметката“ со Бред, бидејќи се скарале и актерот наводно физички ја нападнал во тој момент, во приватен авион, што го става случајот во надлежност на федералните власти. ФБИ не го гонел Бред дополнително, што ја натерало Анџелина да поднесе тужба, чии детали сега се објавени.
Во тужбата таа наведува дека Бред ја навредувал неа, како и децата кои биле со нив во авионот, а потоа и физички ја нападнал. Актерката наведува и дека Пит бил пијан за време на тој авионски лет.

„Ролинг Стоун“ пренесува дека Анџелина во тужбата навела дека Бред Пит ја фатил за глава, ја турнал до ѕидот од бањата и  удирал во таванот на авионот. Кога едно од децата го нарекло Бред вулгарно, Пит се нафрлил по детето, а потоа Анџелина го фатила одзади и го држела.

„Го уништуваш ова семејство, твоето дете е како сериски убиец од Колумбина“, извикал Пит, наводно мислејќи го учениците кои ја извршиле крвавиот пир во истоименото училиште, што е еден од најлошите масакри во американската историја.

Џоли потоа приложила фотографии од повредите кои наводно ги добила и призна дека можеби и самата го изгребала Пит. Сепак, ФБИ одлучила да не покренува понатамошна постапка, поради што актерката останала разочарана, па ги тужела.

Извор: Мондо.рс