„За доброто на децата решете ги несогласувањата“ – Карлеуша и Душко тајно се помириле, сестра му виновнка нова шанса на бракот – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/22 11:22 AM

„За доброто на децата решете ги несогласувањата“ – Карлеуша и Душко тајно се помириле, сестра му виновнка нова шанса на бракот

На почетокот на јули како бомба одекна објавата на Јелена Карлеуша дека по 14 години се разведува од Душко Тошиќ.

Kако што пренесува Стар, пејачката и фудбалерот сепак решиле да му дадат уште една шанса на бракот, а за се е виновна сестрата на Душко, Катарина. Таа цело време била во контакт со Јелена и често воделе долги разговори за се. Сестрата на Тошиќ е многу блиска и со својот брат и со снаата, па сфатила дека и двајцата биле пребрзани со одлуката за развод, па затоа ја наместила ситуацијата Душко и Јелена повторно да разговараат за се.
„Катарина го чекаше Душко да се врати од Дубаи каде што беше на одмор. Долго разговараа и таа му рече дека треба да разговара со Јелена и дека за доброто на децата да се обидат да ги решат несогласувањата што ги има.Така беше, Душко ѝ најави на Јеци дека ќе дојде во вилата на Дедиња да ги види децата и и рече дека би било убаво и таа да биде дома за да ручаат сите заедно како семејството.Ова особено ги израдува Атина и Ника, а како што одминуваше денот, Душко и Јелена почнаа да разговараат за проблемите што ги имале во бракот.Се уште ништо не е конечно, но се договориле да направат пауза од поднесувањето документи за развод и да видат како ќе функционира во блиска иднина“, вели извор близок до семејството Тошиќ.

„Душко сега е во Белград и се повеќе време поминува во вилата на Дедиње која ја купија пред три години од Пикси. Засега се е во најдобар ред, нивните ќерки се најсреќни што повторно се сите заедно, а задоволна е и сестрата на Тошиќ бидејќи е одговорна за повторно зближување. Дуле речиси се врати во куќата и сега спие таму“. завршува изворот.

Покрај тоа, Карлеуша се појави среќна и задоволна на роденденот на Милица Павловиќ и на новинарско прашање како се чувствува како слободна жена, таа со насмевка на лицето рече:

„Не сум сингл, не сум разведена жена. “