Дрога, неверства и многу музика – Филмот за Аца Лукас ќе се снима и во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/22 11:09 AM

Дрога, неверства и многу музика – Филмот за Аца Лукас ќе се снима и во Скопје

Најголемата регионална ѕвезда Аца Лукас неодана ја изненади својата публика со автобиографската книга „Ова сум јас“, која наиде на фантастични критики.

Со оглед на реакциите на публиката и интригантниот живот на популарниот пејач прикажан во книгата, во соработка со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција, решија да снимаат филм и серија која ќе го носи насловот „Kafana na Balkanu “ – како еден од безвременските хитови на Лукас, а по се изгледа, таков ќе биде и овој филмски проект.

Засега е познато дека режисер на овој проект ќе биде Сузана Пурковиќ, која оствари фантастична соработка со продуцентската куќа „Hype“,  а фолкерот ќе го глуми еден од најталентираните актери на помладата генерација Младен Совиљ.

Подготовките се веќе во тек, а како што открива продуцентот Саша Мирковиќ, филмот ќе се снима во неколку градови на поранешна Југославија.

-„Kafana na Balkanu“ ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани и со Белград и со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија – вели Мирковиќ.

Фото – Зоран Синко