(Видео) „Рацете ми се тресеа кога ме поведе во спалната“ – Емотивна исповед на „жената која не го спаси кралот“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/22 8:00 PM

(Видео) „Рацете ми се тресеа кога ме поведе во спалната“ – Емотивна исповед на „жената која не го спаси кралот“

Фановите ширум светот ја знаат како „жената што не го спаси кралот“.

Во периодот по смртта на Елвис, Џинџер Алден ретко зборуваше за нејзината врска со пејачот. Некои детали за неговите последни денови станаа познати само во големото интервју што таа го даде во 2002 година.

Светот тогаш дозна како изгледале последните часови на познатиот пејач, кои биле неговите последни зборови, но и како било да се живее со кралот на рокенролот.
Кога се запознале, Џинџер имал 20, а Елвис 41. Нејзината сестра била мис Тенеси и Присли ја поканил младата дама во својот дом. Ги донела и сестрите, а кога се запознале Џинџер била таа што го шармирала познатиот пејач, пишува Дејли Мејл.

Наскоро Елвис почнал да ја опсипува Џинџер со скапи подароци. Таа била традиционална девојка која не можела да ја поднесе неговата зависност од дрога, лудиот живот што тој го водел, а имала и момче во Мемфис. Сепак, тој инсистирал, а нејзината мајка – тврдоглав обожавател на пејачот, сметала дека Присли е барем „добра можност“.

И така наскоро целото семејство на Џинџер носело бунди и возеле скапи автомобили. Елвис и ветил дека на мајката на Џинџер ќе и купи нова куќа, но неговата ненадејна смрт го спречила да го стори тоа.

Во мемоарите „Елвис и Џинџер“, Алден се сеќава на првиот пат кога водела љубов со кралот. Не ја соблекол облеката, а и тој останал облечен. Тој не верувал дека луѓето треба да се гледаат голи се додека не се венчаат. По сексот и подарил дијамантско ланче и часовник.
Елвис ја запроси Џинџер по само три месеци врска. Тоа се случило на 26 јануари 1977 година во неговиот дом во Грејсленд.

-Знаев дека го сакам и дека не можам да го замислам животот без него. Се чувствував како да го познавам многу подолго од само неколку месеци. Верував дека ја најдов мојата сродна душа. Нашата врска беше толку интензивна што сакаше за кратко време да знам се за него – се сеќава Џинџер, а пренесува Дејли мејл.

Елвис ја запросил во бањата. Тој се спуштил на едното колено и на нејзината рака ставил дијамантски прстен од 70.000 долари, направен од дел од неговиот прстен.

– Раката ми се тресеше кога ме одведе во спалната соба. Ми ја крена раката, го погледна прстенот и само рече: „О, човеку! , се сеќава Џинџер.
Во мемоарите, Џинџер ја открива и потемната страна на кралот на рокенролот и тврди дека Елвис еднаш ја удрил. Тој имал голем арсенал оружје во куќата, а една вечер пукал во телевизорот и телефонот, фрлил сад со сладолед што го јадел и и удрил шлаканица, а сето тоа бидејќи му рекла дека не треба да јаде толку многу.

Тој ѝ викал, таа станала од масата. Тој исто така станал и ја удрил.

– Никој не ја напушта масата додека не го кажам тоа – пишува таа во своите мемоари.

Тој се извинил потоа, а Џинџер се сеќава дека тоа секогаш го правел кога имал напади на посесивна агресија. Можеби тоа е една од причините зошто Џинџер никогаш не помислила да го остави.

Тие го продолжиле заедничкиот живот, а Елвис ретко ја напуштал куќата. Постојано јадел, а оброците му ги носеле во кревет. Секогаш бил во пижами. Не можел да спие без апчињата што му ги дала медицинската сестра.

Џинџер била сведок на последниот тестамент на Елвис. Меѓутоа, таа не е спомната во него.
Џинџер го пронашла мртов Елвис Присли во бањата во раните утрински часови на 16 август 1977 година.

– Одам во тоалет да читам – и рекол неколку часа претходно и ова биле последните зборови на кралот на рокенролот.

Џинџер останала во кревет и набрзо заспала. Кога се разбудила два часа подоцна, видела дека светлото во бањата сè уште е вклучено. Таа влегла и го нашла Елвис на подот.

– Беше црвен во лицето и не можев да го разбудам. Не сакав да прифатам дека е мртов. Господ никогаш немаше да го земе толку млад – се сеќава Џинџер.

Таа повикала помош и собарот дотрчал. Тој го свртел Елвис на грб и му дал вештачко дишење. Сепак, смртните грчеви веќе почнале.

Кралот на рокенролот бил мртов.