Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека се шегувал кога кажал дека има намера да го купи Манчестер Јунајтед е шега.
Ноќта помеѓу 16 и 17 август, Маск објави на Твитер дека ќе го купи англискиот клуб.
– Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на ова, би го избрал Манчестер јунајтед. Ова е мојот омилен тим уште од детството, објасни Маск на својот Твитер.
Манчестер јунајтед е во мнозинска сопственост на наследниците на американскиот бизнисмен Малколм Глејзер, кој го купи клубот во 2005 година, а почина во мај 2014 година