На страницата „Сообраќајни несреќи и несреќи“ на Фејсбук е објавено видео од калуѓерка како брка куфер во центарот на Дубровник.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.
Белиот патнички куфер на калуѓерката и „избега“ низ удолнината, а таа се стрча и во речиси филмска акција накратко го запре сообраќајот додека не го фати „непослушниот куфер“.
Притоа, таа покажа завидна и брзина и покрај тоа што носеше облека што на многумина ќе им го отежне трчањето.
„Кога Господ ја стави на тест, а таа ги помина подготовките со Реал!“, коментираат меѓу другото на мрежите.