Првата дама на САД, Џил Бајден, денеска е дијагностцирана со вирусот на Ковид-19 откако тестот покажал позитивен резултат, соопшти денеска директорот за комуникации во канцеларијата на првата дама, Елизабет Александар.
По негативниот тест вчера за време на регуларното тестирање, Џил Бајден синоќа започнала да покажува симптоми слични на настинка. Според портпаролката, брзиот антиген тест повторно покажал негативен резултат, но резултатот од ПЦР тестот излегол позитивен.
Според Александар, првата дама е двапати вакцинирана, и исто така примила и две засилувачки дози и дека има лесни симптоми. Таа прима Paxlovid по препорака на ЦДЦ, ќе се изолира најмалку пет денови и моментално е во приватната резиденција во Јужна Каролина
Претседателот Џо Бајден денеска направи тест за Ковид-19 и резултатот е негативен, јавија од Белата куќа.
МИА
Фото: Анадолија