Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно ќе се венчаат. Двојката ќе има тридневна свадбена прослава од 19 до 21 август, пренесуваат странските медиуми.
По нивната прва венчавка, која се одржа на 16 јули во Лас Вегас, каде што беа сами, сега планираат да ја прослават својата љубов со семејството и пријателите.
Пробната вечера на славната двојка наводно е закажана за петок, церемонијата ќе се одржи во сабота, а скарата и пикникот ќе се одржат во недела.
Постојат сите шанси прославата да биде спектакуларна, се очекува да присуствуваат Мет Дејмон, Џими Кимел, братот на Бен, Кејси Афлек и Дреа де Матео, пишува Page Six.
Втората венчавка ќе се одржи на имотот на Афлек во Рајсборо, каде Џенифер Лопез ќе носи фустан на Ралф Лорен.
На првата венчавка во Невада, Џеј Ло носеше два фустани, а по церемонијата се пресоблече во модерна венчаница од Зухаир Мурад.