(Видео) Невреме во Неготино и Дојран – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/22 8:05 PM

(Видео) Невреме во Неготино и Дојран

Центарот за управување со кризи информира дека попладнево се случи силно невреме во Неготино, а пред неколку минути информираше и за невреме во Дојран.

Невремето во Неготино предизвика тешки материјални последици во градот, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од жители на градот на кои им паднал кров, имало паднати дрвја и улиците поплавени.

Од ЦУК информираат дека Дојран во моментов исто така го зафатило силно невреме, но нема повеќе податоци.