Срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар… „Тик-ток“ трендот со лепење на устата, опасен по здравјето – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/22 2:05 PM

Срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар… „Тик-ток“ трендот со лепење на устата, опасен по здравјето

Нов тренд на „Тик-ток“ што вклучува лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето, е оценет како опасен по здравјето.

Хаштагот „#mouthtaping“ („лепење на устата“ на англиски) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето.

– Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста… Тоа овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење, објаснува еден корисник.

Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на „Тик-ток“. Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос.

@isabelle.lux Mouth Tape Benefits #mouthtape #mouthtaping #antiaging ♬ original sound – Isabelle ⚡️ Lux

И д-р Џејмс Вилсон рече дека придобивките од дишењето со носот не се вредни за опасноста од затнувањето на устата.

– За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици… Во тој случај, лепењето уста ќе го влоши Вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење, изјави тој за „Њусвик“.

Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеја при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето.