Во северниот дел на Крим експлодира складиште за муниција, јави денеска руската новинска агенција ТАСС.
Тие додадоа дека пожарот што бил предизвикан од експлозија на складиште за муниција во областа Џанкој на Крим продолжува, изјави во вторникот на својот канал Телеграм шефот на полуостровот Сергеј Аксенов.
„Се наоѓам во селото Азов, округот Џанкој, каде што утринава, според Министерството за одбрана, избувнал пожар на територијата на привремено складиште за муниција на една од воените единици. Во моментов детонацијата продолжува“, напиша Аксенов.
Гарний феєрверк як ні крути.
Окупований Крим. Джанкой.
Слава Україні та її воїнам 🇺🇦
Telegram – https://t.co/GLExONwKU2 https://t.co/41fyVb8yaV pic.twitter.com/CmKsns6DHC— Анатолій Штефан (Штірліц) (@Shtirlitz53) August 16, 2022
Тој додаде дека околу местото на инцидентот е опколена зона долга пет километри и дека луѓето се евакуираат.
„Даваме помош на лице место. Итните служби, агенциите за спроведување на законот се мобилизирани во доволен број“, рече шефот на Крим.
Фото: Твитер