„Знаеш ли“ нова песна на „Нокаут“ за 25 години постоење – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/22 1:02 PM

„Знаеш ли“ нова песна на „Нокаут“ за 25 години постоење

Оваа година е можеби една од најактивните години на „Нокаут“, групата слави 25 години постоење со голема турнеја низ Македонија.

По овој повод  веќе издаде еден нов сингл, “Денес, утре, задутре”, но набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика.

Станува збор за песната “Знаеш ли?”, за која музиката ја напиша Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски, а на миксот и мастерингот работеше Дарко Димитров-(студио Димитрови).

Песната е снимена во студио НК Продукција.
Дел од турнејата “25 години Нокаут” беа градовите:  Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струга, Демир Капија, Гевгелија, Кичево, Кавадарци…

Следни кои ќе се дружат со Нокаут се фановите од Неготино. И секако Нокаут не застануваат тука!