Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги смени шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија.
Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхиј Зајац е разрешен од функцијата шеф на главната администрација на СБУ во регионот Киев.
Јуриј Борејчук беше ослободен од должностите како шеф на главната администрација на СБУ во регионот Тернопил.
Артем Бондаренко беше префрлен од позицијата шеф на главната администрација на СБУ во регионот Лавов на шеф на главната администрација на СБУ во Киев и неговиот регион.
Фото: Принтскрин