Хулија Флоренс Колк: Свири на гитара и пее, а има скоро 118 години – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/18 2:04 PM

Хулија Флоренс Колк: Свири на гитара и пее, а има скоро 118 години

Хулија Флорес Колк од Боливија, иако наскоро ќе наполни 118 години таа и понатаму ужива во песните на староседелски јазик и свири на гитара  и е најстариот жител  во таа земја, а можеби и најстара жива личност општо во светот.

Хулија никогаш не слушнала за Гинисова книга на рекорди и воопшто не ја засега тоа што нејзиниот рекорд не е потврден, а потпаролката на Гинисовата книга на рекорди изјавила дека не им стигнала никаква пријава за годините на Хулија.


Во нејзиниот долговечен живот , оваа јужноамаериканка била сведок на две светски војни, револуцијата во родната Боливија и трансформацијата на нејзиното село  Сакабе во рок од пет децении, кое некогаш имало 3 000 жители, а денес е бучен град со 175.000 жители.


Во нејзината лична карта стои дека е родена на 26 –ти октомври 1900 година, во рударскиот камп во боливиските планини.Деновите таа ги поминува во друштво на нејзините пријатели, кучето, мачето и петелот.


Хулија има бистар ум и полна е со живот, сака да јаде парче добра торта и да му запее на секој кој сака да го псоети нејзиниот скромен дом кој го дели со нејзиниот 65 годишен внук од нејзината сестра.
„Секогаш беше активна, опуштена и забавна“, така ја опишува Хулија нејзината сестра, Агустина Берна.


Хулија израснала чувајќи овци и лами во боливијските планини додека како тинејџерка не се преселила во долината каде почнала да продава овошје и зеленчук, со кое и денес се храни, а понекогаш знае да ужива во парче торта или чаша газиран сок.


Никогаш не се омажила и немала деца, а нејзината долговечност е изненадувачка за Боливија која и понатаму е една од јужноамериканските земји со највисок степен на морталитет.


Канцеларијата на градоначалникот Сакабе ја прогласиле  Хулија Флоренс Колк за живо наследство и тие учествувале во обнова на нејзината куќа.


Личноста која претходно беше најстарта во светот имаше 117 години, станува збор за јапонката Наби Таџима која почина на почетокот на минатата година.