Вчера во Кавадарци се случила несекојдневна несреќа.
-На 14.08.2022 околу 11.00 часот во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид извршила увидна екипа од Кавадарци, информираат од МВР.