Златен медал за Мила Рељиќ на меѓународниот таекводно натпревар Винер Израел Опен – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/22 9:58 AM

Златен медал за Мила Рељиќ на меѓународниот таекводно натпревар Винер Израел Опен

Мила Рељиќ од Таеквондо Клубот „Тигри“ од Скопје викендов освои златен медал во конкуренција сениорки -62кг на меѓународниот таекводно натпревар Винер Израел Опен од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари.

На натпреварот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија…

Во својата категорија, сениорки -62кг, Мила во борбата за златениот медал ги победи и репрезатативката на Израел, Наама Биненсток, а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.

Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, претстојат Европското Клубско првенство од 22-26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21г кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, а се надеваме на успех и на светското првенство во ноември месец во Мексико.