Секоја година, швајцарскиот уметник Франсоа Монту прави скулптури од глина на брегот на реката Толеур на западот од земјата, па оваа година тој направи голем замок благодарение на сушата.
– Го замислувам животот на луѓето кои минуваат под премините, под мостот, гледаат во спомениците, гледаат во градот… Па, влегувам и почнувам да сонувам… Гледам како нивниот свет оживува под моите прсти, појаснува Монто.
Монту го започна овогодишниот проект со скромни амбиции, но сушата му овозможи да изгради цел град од глина. Сега уметникот има измешани чувства за тоа – сака да заврне, но би бил тажен ако му исчезне светот од соништата.
Од друга страна, пак, уште од почетокот знаел дека неговото дело е „привремено“.
Како љубител на природата, рече дека е тажен што растенијата венеат насекаде околу него и дека, на некој начин, „би било катастрофа“ да има можност да го продолжи проектот со години поради трајната суша.
МИА