Пијан полицаец заспал на улица и изгубил вреќа со истражни документи на 400 луѓе – Не е прв пат пијани да заспиваат низ улиците на Јапонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/22 9:20 AM

Пијан полицаец заспал на улица и изгубил вреќа со истражни документи на 400 луѓе – Не е прв пат пијани да заспиваат низ улиците на Јапонија

Јапонски полицаец, кој малку повеќе испил, заспал на улица и изгубил истражни документи со лични податоци на околу 400 луѓе, соопшти полицијата.

Еден 49-годишен полицаец со потекло од западна Јапонија изгубил вреќа со документи во петокот доцна навечер, соопшти локалната полиција, додавајќи дека документите содржеле имиња и адреси на лица кои се под кривична истрага.

Јапонските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека полицаецот излегол да пие со колегите и заспал на улица додека се враќал дома.

Кога се разбудил во близина на железничката станица, не ја нашол торбата и документите со лични податоци на околу 400 луѓе, додаваат медиумите.

Не е првпат вработените во јавниот сектор да прават непријатности поради пијанство.

Така, во јуни на истокот на Јапонија, еден претприемач изгубил торба во која имало УСБ стик со лични податоци на 460.000 жители на градот Амагасаки. Бизнисменот излегол на пијачка и на пат кон дома заспал надвор. За среќа, УСБ-то беше брзо пронајдено.

Извор: rs.n1info.com