Со песната „Странци во ноќта“ од Френк Синатра почна првиот свадбен танц на пејачката Марија Груевска и нејзиниот избраник Синиша Стојаноски.
Свадбата беше на отворено, во дворот на манастир во близина на Битола, од каде потекнуваат и младенците.
Присуствувале околу 600 гости на тридневната веселба, а на главниот, свадбениот ден, гостите ги забавуваа нејзините колеги Виктор Апостоловски, Марио и Александар Јосифовски.
Марија блесна во раскошен фустан од кристали и школки, инспирирана од „Малата сирена“.
Марија е целата екстравагантна и необична, па таква беше и свадбата иако се тераа и македонски обичари, како што е бричење на зетот.
Погледнете моменти од најсреќниот ден на Марија и Синиша: