Воена опрема, воени вештини и многу музика – На Воениот стадион ќе се слави 30 години АРМ – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/22 12:32 PM

Воена опрема, воени вештини и многу музика – На Воениот стадион ќе се слави 30 години АРМ

„30 години безбедност, стабилност, доверба“ е мотото под кое Министерството и Армијата на Република Северна Македонија ќе го одбележат 30-годишниот јубилеј на Армијата, во чии рамки во среда, на 17-ти август на Воениот стадион во градскиот парк во 18.30 часот ќе биде организиран целовечерен настан за граѓаните на Скопје и на Северна Македонија, информираат од АРМ.

На настанот посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена опрема, новите оклопни возила на Армијата, ќе бидат сведоци на вештините на специјалните сили, а ќе биде изведена показна вежба со армиските кучиња.

-По презентацијата на воената опрема и воените вештини, ќе биде организиран и богат музички дел на кој ќе настапи Воениот оркестар, како и поголем број изведувачи, како: Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.

МО ги повика граѓаните да присуствуваат на овој уникатен настан и сите заедно да го прославиме Денот на Армијата и 30-годишниот јубилеј.