Ја исклучиле од апарати, а органите ќе ги донираат – Почина актерката Ен Хеч – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/22 8:56 PM

Ја исклучиле од апарати, а органите ќе ги донираат – Почина актерката Ен Хеч

Американската актерка ЕН Хеч почина по страшната сообраќајна несреќа минатата недела.

Веста дека таа почина денеска ја потврди и нејзиното семејство, откако претходно најавија дека ќе ја исклучат од апарати за одржување.
Ен Хеч почина на 54-годишна возраст, откако ја симнаа од апарати за одржување, пишува Гардијан. Уредите им помогнале на виталните органи да функционираат бидејќи актерката била на списокот на донатори на органи.

Многумина се надеваа дека Хеч ќе закрепне, но последните вести за актерката ја потврдија нејзината критична состојба и дека актерката е во кома приклучена на апарат за дишење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

„Сакаме да им се заблагодариме на сите кои се молеа за нејзино закрепнување, но и на посветените лекари и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за неа во Центарот за изгореници Гросман. За жал, Ен се здобила со тешка аноксична повреда на мозокот во несреќата и се уште е во кома во критична состојба. Никој не очекува таа да преживее“, изјави семејството на актерката за американскиот магазин во петокот.
Минатата недела Ен со автомобилот удрила во гаража, а од силината на ударот автомобилот и целата куќа се запалиле. Таа е пренесена во болница во критична состојба.

Денеска протекоа фотографии од актерката како среќно позира само 21 минута пред нејзината несреќа. Таа била на фризер, а сопственикот ја сподели нејзината фотографија на Инстаграм и ја опиша како прекрасна личност, пренесува Tportal.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glass Hair Design (@glasshair)