Двајца Холанѓани возеле трактор во Охрид, се превртеле и со тешки повреди завршиле во болница – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/22 12:01 PM

Двајца Холанѓани возеле трактор во Охрид, се превртеле и со тешки повреди завршиле во болница

Двајца Холанѓани возеле трактор во Охрид, па се превртеле. Со тешки повреди пренесени се во болница.

-На 11.08.2022 година во СВР Охрид, пријавено е дека, на локален пат во охридското село Горно Кољско, излетало возило Т3 трактор, при што, повредени се две лица.. Од извршениот увид, констатирано е дека возачот У.В.Ј.(25) од Холандија, изгубил контрола, удрил во дрво по што, возилото се превртело. Возачот и сопатникот В.Ј.М(22), од Холандија, со возило на Итната медицинска помош, се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.