Новиот Peugeot 508 за првпат претставен и во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/18 1:06 PM

Новиот Peugeot 508 за првпат претставен и во Македонија

Македонската јавност денеска се запозна се запозна со новиот Peugeot 508, импресионирајќи се од неговите модерни мотори, но и од храбриот дизајн.

Моќното возило со врвни карактеристики ги спојува во едно комфорот и забавата. Овој автомобил е со врвно ниво на опрема кое ја носи ознаката GT. Под поклопецот се крие 1.6-литарски PureTech турбо-бензинец кој испорачува 225 коњски сили, а со целата опрема и сите додатоци цената на изложениот модел е 50.800 евра.

Сепак, официјалната продажба на Peugeot 508 се очекува да започне кон крајот на годинава или почетокот на следната година, кога и впрочем ќе се знаат конечните цени за македонскиот пазар.