Пејачката Антониа Гиговска иако беше промовирана како една од неколкуте пејачи кои ќе настапат на 13 август на плоштадот Скендербег во Скопје, по повода Мировниот фестивал посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, таа се откажа.
По негативните коментари на социјалните мрежи, на својот профил на Инстаграм напиша дека не сака да биде дел од каква било манифестација поврзана со политика.
„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев принудена да го откажам мојот ангажман, се разбира, со секоја почит кон организаторот и кон било која политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене”, вели таа.
Но, ова не му пречеше на Владо Јаневски, па од Министерството за политички систем, кое е организатор на фестивалот, објавија дека место Антонија ќе настапи Владо.
– Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Владо Јаневски, објавија од министерството на Фејсбук.