Мигрантот хоспитализиран на Инфективно е негативен на мајмунски сипаници – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/22 5:54 PM

Мигрантот хоспитализиран на Инфективно е негативен на мајмунски сипаници

Од Клиниката за инфективни болести за МИА потврдија дека е хоспитализиран мигрант суспектен на мајмунски сипаници кој вчера беше повреден во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија.

Мигрантот, како што информираат од Клиниката за инфективни болести, е тестиран и е негативен.

За првиот пациент од Кичево, кој покажал симптоми на мајмунски сипаници, сè уште се чекаат резултатите.