Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ, огнен дует на „Охрид фест“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/22 9:28 AM

Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ, огнен дует на „Охрид фест“

Тие двајцата се финалистите на Гранд, Александар Јосифовски го освои второто место, а Белма Хусеинефендиќ беше пласирана меѓу првите десет во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Пласманот и не е важен туку, нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените,  се споија во дует, што ќе ма премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на трети септември.

Песната што тие ќе ја изведат се вика „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац-музика, Огнен Неделковски- текст и Александар Валенчиќ- аранжман.

„Со Белма се знаеме од предминатата сезона – вели Александар – и некако веднаш се споивме со тие наши енергии. Одтогаш сакаме да направивме нешто заедно, секоја средба кулминираше со муабет за дует, кој еве ќе се случи на „Охрид-фест“. Штом Горан Шарац ми ја пушти песната, си реков- тоа е тоа! Му благодарам што му текна на нас, што еве музички ја спојуваме Македонија и Босна и со здружени сили очекуваме добар фидбек од публиката. Кога и се јавив на Белма со веста дека ќе правиме дует, таа веднаш се согласи, а дури отпосле ја слушна песната. И така тргна: снимањето беше на две страни- таа во Босна, јас – тука, бевме воодушевени кога ја слушнавме и, да: едвај чекаме да настапиме.“

Спотот ќе се снима во септември и како што не информира Александар, ќе биде и убав и откачен, и ќе ја има нивната енергија.

„Глупаво е да си сам“ ќе се снима и за Гранд продукција, во српска верзија, но најважно од се е што премиерата на песната, за која одсега многу се зборува е на „Охрид фест“.