Јелена Карлеуша одржа концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на спектакуларниот настап, кој ниту дождот не можеше да го спречи, пристигна анонимна дојава за бомба.
Како што јавуваат босанските медиуми, дојавата пристигнала десет минути пред полноќ, а потоа бил извршен антидиверзантски увид и било констатирано дека нема опасност.
View this post on Instagram
Полицијата соопшти дека нивни припадници работат на расветлување на оваа лажна пријава и откривање на лицето што ја поднело.
View this post on Instagram
„Синоќа околу 23 часот и 50 минути непознато лице се јавило во Полициската управа Бањалука и пријавило дека во тоалет во ресторан во населбата Ада во Бања Лука била поставена експлозивна направа. Од извршените проверки и прегледот на ПДЗ е утврдено дека се работи за лажна пријава“, соопшти Управата на полицијата во Бања Лука.