Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит уживаат во Бормес-лес-Мимосас, официјалната летна резиденција на Бреганкон од 1968 година.
Така брачниот пар Макрон мислел дека ќе имаат целосна приватност, но сепак, папараците беа упорни и направија ексклузивни фотографии.
View this post on Instagram
Емануел бил уловен во моменти на релаксација, додека возел кану и скутер, кои светската јавност немала прилика често да ги гледа.
Од сликите може да се заклучи дека сака водени спортови, но сака и да се сонча, па веќе се исончал, а Брижит Макрон не е љубител на морските активности.
View this post on Instagram
Овие фотографии направија огромен бум на Инстаграм и Твитер, а публиката особено ја забавуваше изразот на лицето на францускиот претседател со широка насмевка. Многу дами беа изненадени од мускулите на првиот човек на Франција, па ги пофалија извајаните бицепси и одличното торзо.
А неговата сопруга која е 24 години постара папараците не успеаја да ја фотографираат во костим за капење, но затоа покажа феноменален стајлинг на плажа – бела широка кошула и кратко здолниште во маслинесто зелена боја и без шминка.
View this post on Instagram