„Ние сме „жртви“ на партиски пазарења, прават место за партиски послушници“, реакција на отпуштените од Комунална хигиена – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/22 2:16 PM

„Ние сме „жртви“ на партиски пазарења, прават место за партиски послушници“, реакција на отпуштените од Комунална хигиена

Вработените од Комунална хигиена на кои не им се продолжени договрите реагираат дека се „жртви“ на партиски пазарења и дека се прави место за партиски послушници.

-Сакаме да и соопштиме на пошироката јавност дека нашето отстранување е направено едноставно поради политички пазарења, а не поради нашата нерегуларност на работа, а уште помалку затоа што сме непотребни! Нашата присутност лесно може да се провери преку безбедносните камери и потписите во списоци за редовност на работниците, а што се однесува до електронскиот систем, не на сите им се даваат потребните картички за евидентирање токму за овие манипулации!

Сите работни места од нашето заминување ќе бидат пополнети со партиски послушници, затоа што тоа беше целта. Според законот за систематизација во Комунална хигиена, освен тие позиции што дополнително се ослободија од нашето отстранување, има уште многу други слободни позиции, што значи дека образложението на директорката дека сме биле нередовни и непотребни само ни го отвора законскиот пат да си го бараме нашето право!

Оправдувањето за непродолжување на договорите за работа на 32-те работници за нас е уште погневно, навредливо, понижувачко и дискриминаторски, отколку самиот факт за непродолжување на договорите!

Со земја која не и дава перспектива на младите, земја која кога правиш еден чекор напред, а те турка два назад, земја која сè уште работи со овој систем не може да се оди во ЕУ“, стои во реакцијата на вработените.