Памперс полн златен накит вреден милиони – Брачен пар поминал на Табановце со златото, па им го заплениле на Прешево – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/22 10:41 AM

Памперс полн златен накит вреден милиони – Брачен пар поминал на Табановце со златото, па им го заплениле на Прешево

Вчера српските царинските службеници во соработка со полицијата на преминот Прешево спречијамлад брачен пар кој се обидел преку граница во пелени памперс да прошверцува златен накит чија вредност се проценува на над 1,1 милион денари.

Српските медиуми информираат дека парот бил откриен кога на влезот од Табановце кон Прешево бил издвоен на детален преглед автомобил „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, во кој заминувал од Македонија кон Швајцарија.

Парот рекол дека немаат што да пријават, но царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување пелени „Памперс“.

Неговата необична тежина предизвикала сомнеж дека нешто се крие во него, што набрзо се покажало дека е вистина, бидејќи во неколку пелени биле пронајдени речиси половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени.
Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото проценето на над половина милион денари.