Седум починати од КОВИД-19 за 11 дена – Пробиштип и Пехчево без новозаболени – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/22 9:35 PM

Седум починати од КОВИД-19 за 11 дена – Пробиштип и Пехчево без новозаболени

Во последните три дена од направени 3.561 тест регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19, од кои 284 се реинфекции, и 1.450 оздравени пациенти. Пријавени се седум починати лица, а дополнително согласно регистарот на умрени лица од Мој термин пријавени се уште три починати лица во периодот од 17 до 28 јули, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за периодот од 6 до 8 август.

Од седумте починати лица четири се од Скопје на возраст од (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Најмногу новозаболени има во Скопје- 1562, додека Пробиштип и Пехчево нема.