Полицијата се уште не може да најде кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино” – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/22 10:46 AM

Полицијата се уште не може да најде кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино”

Полицијата се уште бара кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ ,,Неготино”, истрагата е во тек. Ова денеска го потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

-Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, се работи на случајот, рече Самарџиев.

МИА претходно, во месец јули, информираше дека во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино”.

-На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A  е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри  турбинско масло, рекоа тогаш од СВР Велес.