Џоана Колинс, која има 89 години, ги воодушеви обожавателите кога на својот Инстаграм профил објави фотографија во сино бикини како позира со својот 33-години помлад сопруг!
Парот ужива на одмор во Сен Тропе, а актерката често ги споделува нивните интимни моменти на социјалните мрежи!
Ѕвездата од серијата „Династија“ изгледа среќно и најмалку 20 години помладо, а покрај сопругот лежерно позира во сини бикини.
Своите сини бикини ги спои со препознатливите очила за сонце и сламена капа која не само што е гламурозна туку и ја штити од сонцето.
„Кога е 100 степени во сенка, благодарна сум што имам базен“, напишала познатата холивудска дива, која со својот став и волја за живот на 89 години може да му послужи како инспирација на секого.
View this post on Instagram
Објавата привлече големо внимание, особено што Џоан неодамна објави и селфи со нејзиниот сопруг Перси.
Нејзините верни обожаватели ја опсипуваа со коментари по оваа објава:
„Изгледаш неверојатно Џоан“, „Кралицата Џоан Колинс изгледа прекрасно“, „Изгледаш неверојатно“, „Леле погледни во двајцата. Толку симпатична. Толку неверојатна драга“, „Ова можеби е најслаткото нешто што сум го имал видено цела недела“.
Двојката неодамна прослави дваесет години брак во Лондон, а според сите сметки изгледаат заљубено и среќно!
View this post on Instagram
Дивата се мажеше четири пати и беше во огнена романса со Ворен Бити, таа пред неколку години изјави дека нејзиниот брак со Перси е „најсреќен и последен“, а го опиша како своја сродна душа.
Џоан на нивната неодамнешна прослава на годишнината рече дека таа и Перси не поминале ниту еден ден одделно, а како тајна за нивниот среќен брак ги посочи одвоените бањи.
View this post on Instagram
Извор: курир.рс