Не е важна државата туку срцето – Украина се заблагодари за македонските тенкови – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/22 7:40 PM

Не е важна државата туку срцето – Украина се заблагодари за македонските тенкови

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, преку Твитер се заблагодари за донацијата која Македонија ѝ ја прати на Украина. За тенковите Т-72 тој на украински и на македонски јазик на Твитер напиша:

-Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од Г20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина. Ние никогаш нема да го заборавиме ова“, напиша Подољак.