Се сакаат ама не можат да бидат заедно – Ким Кардашијан и 14 години помладиот дечко раскинаа – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/22 10:17 AM

Се сакаат ама не можат да бидат заедно – Ким Кардашијан и 14 години помладиот дечко раскинаа

Старлетата Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон неделава ставија крај на својата деветмесечна врска.

– Ким и Пит решија да бидат пријатели. „Тие се полни со љубов и почит еден кон друг, но сфатија дека далечината и нивните зафатени распореди го отежнуваат опстанокот на врската“, изјави за Page Six извор близок до семејството Кардашијан.

Друг извор додава дека за раскинувањето придонела и разликата во годините.
Пит Дејвидсон (28) поминува многу време работејќи на филм во Австралија, додека Ким (41) е мајка на четири деца, која е растргната помеѓу бизнисот и поделеното старателство со поранешниот сопруг Канје Вест во Лос Анџелес.

Иако Кардашијан и Вест имаа јавни караници во изминатите месеци, изворот вели дека тоа не е причината за раскинувањето со Дејвидсон.

– Процесот на развод оди напред, а тие се фокусираат на заедничко родителство – додава еден од изворите.

За време на нивната врска, Кардашијан и Дејвидсон одеа на бројни одмори, од кои повеќето беа на егзотични дестинации. Освен тоа, Дејвидсон толку се врзал за нејзините деца што ги истетовирал нивните иницијали на вратот.

За Дејвидсон се зборуваше дури и во првата сезона на „Кардашијан“, за време на која Ким детално ја опиша нивната врска околу негата на кожата и се шегуваше за нивниот сексуален живот.

Физички ќе се појави во текот на втората сезона. Сепак, во овој момент не е јасно дали ќе се прикаже и нивното раскинување.

Извор:kuris.rs

Фото: printskrin Joutube