Популарниот пејач Џеј Рамадановски почина од срцев удар во 2020 година, а за тоа секако придонесе настанот од 2003 година кога во Црна Гора брутално беше убиена неговата сестра Шехерезада Рамадановски.
Срцето на Џеј било толку скршено, што не можел да се опорави од шокот од губењето на сестра си, а пред се што нејзиното убиство го организирал неговиот внук од сестра.
– Не се знае што беше пострашно, болката од губењето на нивната сестра, начинот на кој таа почина или сознанието дека тоа го направил синот на нивната најстара сестра. Џеј никогаш не се опорави од тој шок. Со години сликата на трупот на Шехерезада го прогонуваше. Се измачуваше со прашања како внук му може да го направи тоа, да гледа, да молчи… Џеј кој како домско дете на улица се инагледал се и сешто, оној што со песна влегуваше во душата на сите и ја направи поголема, подобра, понежна, душа не можеше да ја допре душата на негоиот најстар внук.
Џеј го идентификуваше масакрираното и веќе распаднато тело на својата сестра, ја познаваше по златниот синџир на десната нога, но оттогаш му се влоши срцето и нешто во него неповратно се скрши – изјавил неговиот братучед по смртта на Џеј.
– Шехерезад е моја постара сестра и исчезна кога со автомобилот од Италија каде што живееше се возеше во Белград – изјави тогаш Џеј за „Ревија 92“ и додаде:
– Со месеци јс=ас и нејзиниот сопруг, Италијанец, се обидувавме да дознаеме каде е таа. Шпекулиравме дали е киднапирана и дали воопшто е жива. Потрагата ја вршеше и Интерпол, но немаше извештаи кои би ја разрешиле мистеријата… Убиството на Шехерезада било долго планирано и намерно извршено. Нарачателот на убиството е наш внук, син на нашата најстара сестра. Тој имаше овластување да раководи со работите на приватната компанија на Шехерезада во Белград.
Се чини дека при склучување договори и набавка на некои автобуси проневерил 10.000 евра. Направил уште неколку махинации и за да го прикрие сето тоа решил да ја убие. Впечатоците се уште пострашни бидејќи нашите семејства се богати, а криминалот за профит е апсурден. Внукот дознал кога пристигнувала со траект до пристаништето Бар, отишол да ја чека, но наместо безбедно да ја врати дома, и поставил стапица во Србија.
Убиството го извршиле двајца млади момчиња кои ги донел од Белград. Ја удриле со тап предмет, најверојатно камен по главата, а потоа ја оставиле таму – изјавил тогаш Џеј.
Извор: espreso.co.rs