Корисниците на апликацијата МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки – соопштија денеска од Управата за јавни приходи.
Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google. Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање ( update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер” наместо, „основен” повторно да одберат „напреден ” – информираат од УЈП во денешното соопштение.
УЈПввеќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.