Воздржете се од студена храна и напитоци со мраз, може да ве боли глава – предупредува нутриционистка – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/22 10:20 AM

Воздржете се од студена храна и напитоци со мраз, може да ве боли глава – предупредува нутриционистка

Претерано разладените оброци и пијалаци не се погодни за секого – предупредува Наталија Круглова, нутриционистка и член на Националното здружение на диететичари и нутриционисти на Русија.

– Сладоледот, ледените коктели, ладните салати и закуски не се опасни за здравата личност. Но, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт треба да го ограничат внесот ладна храна и пијалаци, особено лете – советува Круглова.

Таа смета дека студената храна и напитоците со мраз може да предизвикаат тн. „ладна главоболка”.

– Но, ова е прилично индивидуална реакција на употребата на ладна храна – потипично е тоа за луѓето склони кон главоболки. Важно е да се водите според вашите сопствени чувствителности, објасни нутриционистката.

Се разбира, човекот треба да се воздржува од студена храна и во случај на симптоми на настинка.