Далај Лама дал 3 важни совети за среќа во љубовта.
Можеби понекогаш ви се чини дека среќата е далеку од вас, дека љубовта ве заобиколува и дека засекогаш ќе останете сами. Такви негативни мисли само ве загрозуваат и блокираат – од нив не гледате колку сте прекрасни и колку всушност можете и заслужувате. Иако некои работи во животот се надвор од ваша контрола, тибетскиот мудрец Далај Лама смета дека некои од работите самите можеме да ги контролираме. Главната работа која можеме да ја исконтролираме е нашиот живот. Вие сте творец на својата судбина, на темелот на сопствени избори и одлуки.
Ако сакате да бидете посреќни во љубовта и да ја пронајдете вистинската личност, ви пренесуваме три совети од Далај Лама:
Потрага по среќа во љубовта
Во настојувањето да ја пронајде среќата, личноста се концентрира на крајната цел, а се одрекува од она што го има. Бидете среќни сега и овде, благодарни за она кое го имате-работа, семејство, дом, пријатели… кога покажувате дека сте среќни и задоволни со својот живот, љубовта полесно ќе дојде. Исто така, во љубовта понекогаш треба да се преземе ризик, да се премине границата, да се покаже колку сте подготвени да сакате друга личност.
Далај Лама вели – „ Големите љубови и големите достигнувања бараат големи ризици“.
Што да се стори ако врската е во криза?
„Не заборавајте дека најдобра врска е онаа во која вашата взаемна љубов ја преминува вашата взаемна потреба“.
Далај Лама верува дека порано или подоцна во врските може да се појави одредена „иритација“. Секоја ситниц , дури и онаа која порано не била забележана, ќе почне да ве нервира. Она што некогаш било слатко, сега делува застражувачки и доведува до нервоза. Ако вашите чувства се предизвикани со зависност од некого, тоа нема да ве усреќи. Љубовта и желбата да бидете блиску треба да биде двострана. Сите се повикани да сакат, а не да ги искористуваат другите. Размислете за ова кога ги вреднувате своите односи.
Што да се стори ако никако не можете да ја пронајдете вистинската личност и паѓате во очај?
„Една тибетска поговорка вели: Трагедијата треба да се користи како извор на сила. Без оглед на видот на тешкотијата, на тежината на болното искуство, ако ја изгибиме надежта, ќе доживееме вистински бродолом“.
Кога неколкупати имате погрешено во изборот, а ви се чини дека секој иден чекор е неуспешен, време е подлабоко да се загледате во себе. Прво освесетете се дали го имате дефинирано она што го сакате. Немојте да го следите она кое друготе го очекуваат од вас, туку она што ја влече вашата душа. Пораката на далај Лама е да го слушаме своето срце и дека е важно да сфатиме дека среќата е само последица на нашите постапки и дела.
Не губете верба во љубовта, развивајте ја љубовта спрема себе- и тогаш таа љубов ќе се размножи!
Извор: sensa.story.hr